Почитувани,
Македонската Алијанса го поздравува ставот на Претседателот, Ѓорѓе Иванов, кој остана доследен на претходните позиции и силно го осуди срамното гласање на пратениците. Убедени сме дека е највисока патриотска должност за Претседателот на Републиката сега да го преземе најголемиот дел од товарот на демократската битка за застанување на патот на немакедонската Влада и нејзините нови соработници. Ниту еден партиски лидер, претставник или функционер нема мандат да ја игнорира јасно изразена воља на Македонскиот народ, кој на 30-ти септември рече НЕ на предавството. Колку и да се правиме слепи и глуви, не може да не констатираме дека Татковината после пропаднатиот референдум и насилничкото гласање во Македонското Собрание влегува во драматична политичка криза. Затоа, ја користиме приликата да го повикаме Претседателот Иванов, сега кога работите ескалираат, кога Заев, Димитров и Шекеринска упорно продолжуваат да делуваат и работат спротивно на дадените гаранции и спротивно на Уставот, согласно неговата заклетва, да ги преземе сите неопходни чекори во согласност со неговите надлежности. Заев, Димитров и Шекеринска, како и сите други политичари МОРА да и служат на Татковината и на народот, а не Татковината да им служи ним!
Сметаме дека Претседателот на Републиката треба да издејствува ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ во Македонското Собрание пред започнување на дебатата за Уставните амандмани кои немакедонската Влада ќе им ги сервира на пратениците. Треба да им се стави јасно до знаење на пратениците дека влетуваат во многу опасно сценарио без извесен епилог. Сега ќе се соочат со болната реалност кога ќе видат каква штета треба да му нанесат на сопствениот народ. Треба да изгласаат обезличување на Татковината и Македонскиот народ за да спасат тројца предавници кои го ветиле невозможното. Македонските пратеници треба да разберат дека некој ги изложува на ризик да гласаат нешто што веќе не постои. Официјална Атина не може да испорача ратификација на Договорот Заев-Ципрас во Грчкиот Парламент. Побрзо ќе падне Владата на Ципрас отколку што ќе се случи тоа!
ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ НАЦИОНАЛИСТИТЕ ВО ГРЦИЈА ПОВТОРНО ДА НЕ ИЗМАМАТ. НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ВРЕМЕНЕТА СПОГОДБА, НЕМА ДА ГО ПОЧИТУВААТ НИТУ ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС. МАКЕДОНИЈА САКА ВО ЕУ И НАТО АЛИЈАНСАТА НО ДОСТОИНСТВЕНО И СО КРЕНАТА ГЛАВА! БАРАМЕ НОВИ ИЗБОРНИ ПРАВИЛА, ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ ШТО ЌЕ ОВОЗМОЖИ НА БРЗИ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ДА СЕ ИЗБЕРАТ ПРАТЕНИЦИ КОИ ЌЕ МУ СЛУЖАТ ИСКЛУЧИВО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, А НЕ КАКО ДО СЕГА НА НЕЧИИ ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА