Руската амбасада во Македонија објави денеска на Твитер дека Русија не го менува ставот во однос на уставното име на Република Македонија.
– Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува, пишува на официјалниот профил на Твитер на руската амбасада во Скопје.
Во петокот доцна вечерта македонското Собрание ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.