Шабан Трстена, “златниот” олимпиец од 1984 година, од оваа година востанови награда “Златен Олимписки Оскар”, која ја доделува тој, на сите оние кои се заслужни за развој и промоција на спортот. Оваа година, која е прва во востановувањето на оваа награда, “Златните Оскари” им беа доделени на Д-р. Васил Тупурковски, Насе Насев, Дарко Каевски, Милош Вучидолов и Хајруш Синани.
-Како спортист на 20. век, преку оваа награда, изразувам благодарност на сите луѓе кои беа со мене на патот на успехот и изразувам почит на секој кој придонел да го остварам својот сон, а тоа е да бидам ценет и почитуван во сопствениот град и држава. До титулата олимписки шампион стигнав со многу упорност и работа, но секако да не беа тие луѓе околу мене, можеби никогаш немаше да бидам ова што сум сега – изјави Трстена.