„Македонска илустрирана енциклопедија за деца“ во издание на „ЕДУКА МАК“ денеска ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар во Скопје.
Автори на делото се Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова, а илустрациите се на Игор Јовчевски.
Енциклопедијата има за цел да ја поттикне љубопитноста и интересот кај децата за себе и за својата татковина, да влијае врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет. Првенствено е наменета за деца од пет до 10-годишна возраст, но има можност да ја користат сите деца.
Обработени се 39 тематски содржини кои даваат основни информации за Република Македонија, за нејзините убавини како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.
Промотори на енциклопедијата се Христо Петрески и Ели Маказлиева.