Честитка по повод празникот 11ти Октомври, Денот на народното востание на Македонскиот народ

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод 11ти Октомври, денот на народното востание на Македонскиот народ, на своите сограѓани од Прилеп, но и на сите граѓани во Македонија и Дијаспората, ја упатува следната честитка:

Низ вековите Македонскиот народ многу пати се дигал против тираните, но АСНОМ-ците се едни од тие кои ни ја подарија слободата во која живееме сега. Овие слободољупци оставиле аманет да ја чуваме со крв спечалената слобода на Татковината, аманет кој треба да се цени и почитува. За нас Македонците, Антифашистичката борба беше момент на национално будење, потврда дека сме спремни самостојно да ја одбраниме Татковината, и самостојно да ги удриме темелите за независна Република.

Овој голем празник е причина повеќе за да се потсетиме дека Македонија е, и секогаш била на страната на прогресот, слободата и демократијата.

Македонските граѓани знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја. Денес, ние Македонците продолжуваме по истиот пат, дека тој што тргнува против Македонија и Македонскиот народ порано или подоцна ќе изгори.

Затоа, наша обврска е да ги чуваме светите спомени на нашите браќа и сестри кои храбро ги положија животите за идеалите на Македонскиот народ и ги удрија темелите на модерната Македонска држава.

Наша обврска е и денес да ја одбраниме иднината на Татковината!

За многу години нека ни е празникот!

Бог да ја чува Македонија!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

One thought on “Честитка по повод празникот 11ти Октомври, Денот на народното востание на Македонскиот народ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *