Новиот амбасадор во Романија Атанасов ја претстави својата платформа пред пратениците

Македонија и Романија одржуваат повеќе од добри билатерални односи, истакна денеска новиот македонски амбасадор во Букурешт Габриел Атанасов пред пратениците-членови на собраниската Комисија за надворешна политика.

Во следните 12 месеци, а имајќи го предвид претседавањето со ЕУ од 1 јануари 2019 година, како што најави Атанасов, имулс на нашето претставување во Романија ќе биде ставен на реформите за приклучување на Македонија во ЕУ и НАТО.

На Комисијата за надворешна политика тој истакна дека ќе работи на натамошно продлабочување на односите меѓу двете земји, на ратификација на билатерни договори, како и на развој на економската соработка која, како што кажа бележи нагорни трендови. Ќе продолжи и соработката во одбраната, а да не заборавиме, рече новиот македонски амбасадор во Романија, во главниот град се наоѓа и седиштето на организацијата Селек, што за Македонија е особено важно и каде има свој претставник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *