Канцелеријата на Народниот правобранител ќе брифира за проблемите со Избирачкиот список

Констатираните состојби и проблеми со Избирачкиот список и со остварувањето на избирачкото право, ќе бидат тема на денешниот брифинг за медиумите што ќе се одржи во Канцелеријата на Народниот правобранител.

Според Канцеларијата, проблемите со Избирачкиот список и со  остварувањето на избирачкото право се провлекуваат неколку изборни циклуси наназад, за што Народниот правобраниел има изготвено и посебен извештај.

Проблемите, како што наведува Канцеларијата, се потврдија и на денот на одржувањето на референдумот.