Почитувани,
Жално е што дури и одредени Бугарски политичари се со помудри ставови од немакедонската Влада! Георги Прванов, кој 10 години беше Претседател на Бугарија, на свој начин ја прифати реалноста! Само изродите на Македонскиот народ уште претаат и се обидуваат да создаваат лажна реалност. Веднаш после пропаднатиот референдум, социјалистот Прванов, кој има иста идеолошка матрица со Заев и Шекеринска, порача дека Бугарија треба да преземе иницијатива за влез на Македонија во ЕУ и НАТО Алијансата под Уставното име. Признава дека тоа е волјата на Македонскиот народ!
Македонската Алијанса се согласува со пораката на Претседателот на Црна Гора, Мило Гуќановиќ дека ЕУ треба да се отрезни после референдумот во Македонија. ДА ТОЧНО Е ДЕКА ЕУ МОРА ДА СЕ ОСВЕСТИ! ЕУ мора да разбере дека не може повеќе да ги толерира заканите и уцените од Грција. ЕУ мора да ја почитува пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. ЕУ мора да го почитува универзалното демократско право на самоопределување на Македонскиот народ. ЕУ мора конечно да сфати дека Македонскиот народ многу сака да стане дел од Европското семејство, но никогаш нема да биде подготвен да го промени името и да си ги избрише историските корени!
Заев, Димитров и Шекеринска мора да се соочат со реалноста! После пропаднатиот референдум тие се развластени! Очигледно тоа му е јасно и на Али Ахмети и ДУИ кои тактизираат за предвремени избори!
КУКАВИЧКИОТ ДОГОВОР ЗАЕВ-ЦИПРАС ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ОДБИ ПРЕДАВСТВОТО! УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕ МОЖЕ ДА ИМА ЗА НЕПОСТОЕЧКА РАБОТА! НЕ ПОСТОИ СИЛА ШТО МОЖЕ ДА ГО НАТЕРА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ОБЕЗЛИЧИ!
Македонската Алијанса одамна смета дека мора да има предвремени избори на кои Македонскиот народ ќе гласа на слободен начин, фер и демократски согласно нови правила – ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ! ДОСТА Е ОД ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ! ТАТКОВИНАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖРТВА НА ПРЕДАВНИЦИ ЗА ПАРИ И ВЛАСТ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД САКА ДА ИЗБЕРЕ ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИ КОИ ЌЕ ЗНААТ КАКО СЕ ШТИТАТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА