Канадска амбасада: Евроатланскиот пат ќе обезбеди безбедна и просперитетна иднина за Македонија

– На 30 септември граѓаните на Македонија имаа уникатна можност да го изберат правецот по кој нивната земја треба да се движи, напишаа во заедничка изјава амбасадорката на Канада за Македонија, Кати Чада и специјалниот претставник за ЕУ и Европа и германски амбасадор Стефан Дион.

– Во јули, Канада со гордост им се придружи на останатите сојузници на НАТО да и ја понудат на Македонија долго очекуваната покана за влез во НАТО. Веруваме дека евроатлантскиот пат ќе ви помогне да обезбедите безбедна, просперитетна и демократска иднина за Вашата земја, се вели во изјавата објавена на официјалната веб страница на Канадската амбасада со седиште во Белград.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *