Јанковиќ со подршка за Заев и апел да истрае во решавањето на клучните прашања за Македонија

Претседателот на опозициското Движење на слободни граѓани Саша Јанковиќ, испрати порака за поддршка до македонскиот премиер Зоран Заев, со апел да продолжи со напорите за решавање на клучните прашања и со модернизација на Македонија.

– Убеден сум дека ќе најдете сила и начин за да ја продолжите и спроведедете, на демократски начин, политиката за решавање на наследените проблеми, со храбри политички исчекори и со јасна визија за современа Македонија, порача Јанковиќ во пораката, јави дописникот на МИА.

Тој додаде дека Србија и Македонија не можат да бидат добро место за живеење без политичка храброст и упорност.