Медиумите, кошаркарските судии, клубовите и тренерите, едногласно одлучија Перо Антиќ да биде прогласен за најдобар кошаркар на Македонија за 2017 година.
Антиќ во моментов настапува за Црвена Звезда, каде што замина од Фенербахче, со кој ја освои титулата во Евролигата.
Освен за најдобар кошаркар, признанија добија и уште неколку кошаркари, тренери и спортски работници. Истите ќе бидат доделени во понеделник.
За најдобра кошаркарка е прогласена Јелена Антиќ, а за најдобра машка екипа МЗТ Скопје Аеродром. Признанието за најдобра женска екипа оди во рацете на Бадел 1862.
Најдобра машка младинска екипа е Вардар, а женска екипа во конкуренција на младинки, Бадел 1862. За најдобар тренер во женска младинска конкуренција е прогласена Анета Глигорова, а во машка младинска конкуренција Денис Дервишевиќ.
Најдобар тренер во сениорска женска конкуренција е Бранко Андриевски, а во машка конкуренција Љупчо Малинков.
Најдобар млад кошаркар сезонава е Дамјан Крстевски, а признанието за најдобра млада кошаркарка оди во рацете на Тијана Митрева. На крајот за најдобар судија е прогласен Алија Феревски.