Пратеникот од Бундестагот Ханс Георг фон дер Марвиц денеска е во работна посета на Собранието на Република Македонија.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Марвиц ќе се сретне со членовите на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.