Сугарески и Китанов ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во градежните активности за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп.

Изградбата на патот се одвива во три фази, а вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Во тек е реализацијата на првата и втората фаза, а за третата фаза во следниот период се очекува да биде распишан тендер за изведувач.