Претседателот на косовското Собрание, Весели во посета на Македонија

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Спикерот на косовскиот Парламент за време на престојот во Скопје ќе биде примен од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Службата за информирање на косовското Собрание информира дека на средбата, двајцата собраниски спикери ќе разговараат за односите меѓу двете земји, за можностите за продлабочување на парламентарната соработка, како и за заедничките евроатлантски интеграции на Косово и Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.