По повод Европскиот ден на јазиците 2018 година, денеска во Скопје ќе бидат објавени победниците на петтата Награда за најдобар млад преведувач „Вавилон“.
Настанот е организиран од Делегацијата на Европската унија и Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ).
Целите на наградата за најдобар млад преведувач основана од Делегацијата на ЕУ во 2013 година се промоција на младите преведувачи, како и поттикнување на квалитет во преведување книжевни дела.
Наградите ќе ги врачат Фрејк Јанмат претставник на Делегацијата на ЕУ и Огнена Никуљски претседател на ЗПРМ, Калина Малевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Љубица Арсовска.
На настанот ќе биде објавено и 6. издание на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ и критериумите за Наградата за 2019 година.