Спасовски: Секој има право на протест, но законот треба да се почитува

Го поддржувам правото на протест, но и го осудувам секој напад врз полицијата бидејќи тоа е и напад врз Република Македонија, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во врска со вчерашниот инцеидент на Табановце во кој беше повреден полицаец при протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Удирањето по полицаец значи удирање врз Република Македонија. Институциите мора да функционираат и обратно ако полициски службеник го прекрши законот и тој треба да сноси одговорност. Тоа полицајците добро го знаат, со тоа што и внатрешната контрола постапува ефикасно по предмети, а за сметка на тоа и граѓаните ќе треба да се однесуваат по правилата и прописите, истакна Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето на новата полициска станица во Ѓорче Петров.

Министерот рече дека нема никого да спречува да протестира во Република Македонија, но тоа треба да се изврши врз основа на закон и да се спроведе со почит кон луѓето кои, како што рече, секојдневно се грижат за нашата безбедност.