И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“ од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.
При крајот на август 325 година Александар Македонски ја напушти Патала и тргна кон запад, со цел да изврши подготовки за пречек на флотата, додека Неарх требаше да причека да настапат североисточните монсуни во октомври. Прво пропатува низ земјите Арабита и Ореита кои беа покорени по подолго војување.
За намесник беше поставен Аполофан, а Хефестион беше оставен во заднината и му беше наредено да изгради град со име Александрија во близината на Рамбалија, главното село на Ореита. Леонат, кој требаше да ја чека флотата на морскиот брег, требаше да изгради друг град со име Александрија. Александар Македонски сега навлезе во Гедросијанската пустина и колку повеќе навлегуваше толку повеќе имаше тешкотии и недостиг на војска.
Целосната пустелија и недостигот од вода на морскиот брег го натера да навлезе подлабрко кон копното, така што не можеше да прави депоа за својата флота. Жештината не им дозволи да го забрзаат патувањето, со исклучок ноќе. Извидниците што беа пратени до морето, јадните луѓе ги опишаа како се хранат со риби и со школки и живеат во колиби.
Колку повеќе продолжуваше, толку повеќе војската страдаше од глад и жед и одржувањето на дисциплината сé повеќе стануваше потешко, но Александар Македонски го поднесе тоа и имаше човечки однос кон лошата состојба на своите луѓе. Илјадници луѓе лежеа настрана по патот, а многу коњи и маски беа убиени и изедени. Многу поретко можеше да се снабди со храна од селата крај патот.
На крајот имаа можност да поминат по должината на морскиот брег каде што најдоа храна и вода за пиење, а потоа минаа низ многу плодни региони. Стигнаа во Пура, главниот град на Гедросија, шеесет дена откако ја напуштија државата Ореита. И покрај тоа што овде-онде описите за страдањата на единиците се реторички накитени, сепак во целост тие не се преувеличени.
Александар Македонски одеше заедно со нив пешки, за да им даде пример со поднесување на тешкотиите, со цел да го продолжат патот и да истраат. Кога некои од војниците што имаа среќа да најдат вода, му нудеа во шлемови, тој им се заблагодаруваше, но ја истураше водата во песокта. Тоа ја зајакна и ја поттикна неговата војска, вели Аријан. Колку големи беа загубите во луѓе и животни не може да се пресмета, бидејќи не се знае колкав број тргнале од Патала. Но, тие мора да биле ужасно големи.
Се претпоставува дека најмногу настрадале жените и децата што ја придружувале војската. Дури и тука во песокливата пустина на Белуџистан, Александар Македонски ги натерал своите научници да ја испитуваат флората и има многу резултати од тие испитувања. Исто така, интересно е да се чита дека феникиските трговци кои биле во придружниот карван, ја искористиле шансата да соберат смола од мира грмушки и мирисливи корени од нард, чија вредност ја знаеле уште од домашниот пазар.
Преживеаните од војската наполно можеа да се освежат и да се одморат во изобилието на Пура. При-лучувањето на Далечна Азија беше завршено со освојувањето на Гедросија и беше обединета во едно намесништво со Аракосија, што ја ограничуваше империјата на север. Околу почетокот на декември 325 година, Александар Македонски тргна кон запад до Карманија, која му се покори уште во 330 година, кога беше во Перс, но во која се уште немаше стапнато.
Bo Карманија, според договорот, го сретна Кратер. Co својата воена дивизија и сите слонови, Кратер ја напушти Индија од кај премините Мула и Болан, отиде по патот кон арахосијанска Александрија (Кандахар) и Дрангијана, ги потчини бунтовниците, меѓу кои имаше и Ордани, кои сега ги носеше во синџири, а потоа продолжи кон Карманија за да се сретне со Александар.
Така, со исклучок на оние што загинаа во Гедросија и единиците што ги остави назад во Индија, целата копнена војска беше повторно соединета. По големите загуби во Гедросија, голем број камили и товарен добиток што ги донесе Стасанор, намесникот на Арија и Дрангијана, беа добредојдени. По приклучувањето на Кратер, Александар Македонски одржа фестивал во знак на благодарност кон Бога за освојувањето на Индија и за своето спасување од пустините во Гедросија.
Беа приложени жртви и на боговите, а беше одржано музичко и гимнастичко натпреварување. Пеукест, кој му го спаси животот на кралот во крепоста на Малите, беше запишан како осми на кралската телесна стража. Овие веселби и радосното расположение на војската и поблиските доживувања преминаа во легенда, која е сместена во имагинацијата на Клитарх, дека Александар Македонски и неговите единици марширале низ Карманија во едно баханално лумпување од седум дена, имитирајќи ја триумфалната поворка на Дионис.
Додека во Карманија Александар Македонски ја ублажи големата грижа за флотата, за чија судбина сé уште ништо немаше слушнато, Неарх мораше да тргне еден месец порано од времето што беше договорено со Александар Македонски поради заканувачкиот однос на индиското население откога замина кралот. Тој отплови околу 20 септември 325 година, пред да започнат североисточните монсуни. Кратко време потоа крај морскиот брег на Арабита дваесет и четири дена немаше ветер, што предизвика голема немаштија.
Врз основа на бродскиот дневник што го водеше, Неарх подоцна напиша извештај за своето патување и за откритијата, што се содржат во делото „Индике” од Аријан, многу скратени но и многу вредни. Дадени се посебни забелешки за различни моменти на кои наиде флотата, од кои може да се следи патувањето од ден на ден со неговите главни настани.
Од друга страна, пак, се загубени многу описи, кои по наредба на Александар Македонски ги направил Неарх за флората и фауната, за обичаите на тамошното население, за изгледот на морскиот брег и многу друго. Покрј другото се слушна, на пример, за народ кој не го познавал железото и употребувал остри камења, според тоа сé уште бил во камената епоха.
Неарх е тој кому му должиме за пренесувањето на мангровото дрво во Персискиот залив, како што е опишано во Теофрастовото дело „За растенијата”. Во целост, патувањето беше успешно, без големи загуби на бродови, а се соочи само со еден оружен отпор. Сепак, екипажот страдаше од недостиг на храна, a ocoбено од недостиг на вода за пиење. Тие наскоро се навикнаа на приливот и одливот.
Но, првата средба со китовите беше ужасна и предизвика вчудовиденост. Кога ги видоа повремените големи столбови од вода, кои им изгледаа како да излегуваат од некаков механизам, тамошните морепловци ги прашаа што е тоа. Им беше објаснето дека нив ги исфрлаат едни големи животни. Тогаш од страв на веслачите им паднаа веслата. По наредба на Неарх тие ги нападнаа китовите со врвовите на бродовите, кои како да беа наменети за морска борба, a co борбени извици, како што Неарх подоцна напиша, се охрабрија и со чукање на тапаните ги исплашија, па така китовите влегоа длабоко во водата.
По овој и други возбудливи настани дојдоа до морскиот проток Хармозија (Ормуз), каде што отспротива на карманијанскиот морски брег го видоа носот Макета. Онесикрит, кој на реката Инд беше кормилар на адмиралскиот брод, сакаше да го следи морскиот брег на Арабија наместо да влезе во Персискиот залив. Меѓутоа, Неарх како повисок офицер, веднаш го одби тоа, придржувајќи се кон инструкциите од Александар Македонски.
Неколку дена подоцна неговата послушност беше наградена. Во близината на Ормуз кога дојде до утоката на реката Анам, доби известување дека Александар Македонски е на само пет дена пат во внатрешноста на земјата. Раскажувањето на Неарх за начинот на кој се сретнал со кралот е многу трогателен со својата јасност и е една од скапоценостите во литературата за Александар Македонски.
Дел од проблемите на флотата на Алрксандар Македонски
Некои од неговите луѓе сретнале еден антички Грк кој доаѓал од логорот на Александар Македонски кон морскиот брег. Co силни емоции гледале во него кога го слушнале дека зборува антички грчки. Co задоволство го испратиле кај Неарх, кој се сложил со командантот на морскиот брег дека човекот треба да го поведе кај Александар Македонски. Меѓутоа, додека Неарх завеслал кон брегот заобиколувајќи го бедемот, античкиот Грк со надеж дека ќе го наградат побрзал по краткиот пат да му ја пренесе веста на кралот за доаѓањето на флотата.
Александар Македонски во почетокот бил одушевен, но деновите одмннувале, a Heapx го немало. Станувал се понестрплив и на крајот одлучил да го затвори човекот што му ја пренесе веста. Во меѓувреме, неколку гласници што Александар Македонски ги испратил за да ја потврдат веста, се сретнале со Неарх, кој заедно со Архија, вториот командант на флотата и други пет души, залудно го барал логорот на Александар Македонски.
Неарх и неговите придружници биле многу изменети од заморот во експедицијата, бледи и ослабени, со долги коси и искинати алишта, така што гласникот не ги препознал. Тие речиси биле пред умирање, кога по совет на Архија, Неарх ги прашал каде одат, а кога тие му одговориле дека го бараат Неарх и неговата флота, Неарх им рекол: „Јас сум Heapx, a овој е Архија. Бидете наши водачи, ние сакаме да му кажеме на Александар Македонски за патувањето”.
Потоа гласниците ги зеле во колите, ги однесле во логорот и најавиле дека дошле Неарх и Архија со петмина луѓе. Меѓутоа, тие не биле во состојба да му одговорат на прашањата на Александар Македонски во врска со флотата. Тогаш кралот помислил дека целата флота е уништена, а кога Неарх и неговите придружници кои тешко можеле да се препознаат, дошле пред него, Александар Македонски му ја пружил десната рака на својот пријател Неарх, го фатил отстрана и долго плачел.
Продолжува