ЧУДАТА НА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕВОДИТЕ И ЛИТЕРАТУРАТА НА ЈОАКИМ КРЧОВСКИ
He случајно книгата „Чудеса пресвјатија Богородици”, доживеала повеќе изданија во 19-от век. Самото дело е превод од елински (грчки) јазик и тоа третиот дел од составот „Арматолон сотириа” од светогорскиот монах Агапиј Ландос Критски, објавена во Венеција во 1641 година. Агапиј ги собрал чудата на Богородица, позајмувал и од грчки и од италијански книги.
Meѓутоа, преводот на македонски јазик Јоаким Крчоски не го направил од Агапиј директно, туку од српскиот превод на истото дело од Виќентие Ракиќ, објавено во Венеција во 1808 година, како што откри X. Поленаковиќ. Б. Конески ја разјасни структурата на чудата, бидејќи бројот на чудата не се совпаѓа со тие на Ракиќ, ниту по редослед, ниту по број.
Меѓу 66-те чуда се наоѓа и тоа под број 11, во кое е засведочен популарниот средновековен расказ „Девојката без раце”. Неговата noпуларност ја засведочува и самиот Крчовски. Во Галија на царот му се родила убава ќерка Марија, но набргу по нејзиното раѓање починала нејзината мајка царица. Царот се преженил за друга жена. Таа била убава, но многу лоша и кога царот отсуствувал од дворецот го убедувала слугата да ја убие убавата ќерка на царот и да и ги исече рацете како доказ за злосторството: „Утро да ја земеш и речи ù како да ја водиш на теферич и отведи ja y планината да ја убиеш. И за нишан да ù отсечеш руките, да ги донесеш.”
Во шумата Марија ги замолила слугите, откако сфатила дека ја водат на судиште: „И ви заклинам вас у имја пресватија Богородици, што е родила истинаго Бога и судију всјех, немојте ме убивати. A ако сакате моите руки да ги носите на нишан, а вие отсечете ми руките и носете ги. И тури си руките на едно дрво и ги отсекле и ги отнесле на царицата, и им дала многу дарове.”
Марија боледувала во планината и ја нашле група благородници. Во неа се вљубил синот на еден благороден човек и, иако била без раце, го убедил татко си да ја земе за сопруга. Кога таа била трудна, синот заминал на натпревар со коњи, што го организирал царот, таткото на Марија. Маштеата го забележала убавото момче, го привлекла во дворецот и ја дознала од него судбината на пасторката Марија.
Јоаким Крчовски
Нејзината лоша мисла, иако дознала дека во меѓувреме Марија родила две близначиња, испратила по слугата на нејзиниот сопруг писмо до таткото негов, како да е составено од неговиот син, и му соопштила дека Марија била крадливка и затоа и биле отсечени рацете.
Во писмото „тој наредил” да ја убие жена му. Таткото се сожалил и ја оставил со двете деца на истото место, каде што ја нашол син му. Еден пустиник ù ја отстапил на Марија пештерата и ја хранел секој ден со плодови и корени. Кога се вратил дома, домаќинот сфатил што се случило. Во меѓувреме, Марија постојано и се молела на светата Дева и таа и се јавила во вид на видение и ù ги повратила двете отсечени раце.
Потоа, Марија „сета ношт стојала и чинила благодарение Богоматери, и читала „Богородице дјево радујсја’, како и секиј пат имала хадет, с великим умилением и сокрушением срдца.” Сопругот ја одвел жена си и децата дома, ја прославиле сите присутни Богородица, а свекорот прославил празник во нејзина чест. Татко и на Марија ја открил повторно својата ќерка. Ја спалил втората сопруга на голем оган, а зетот го прогласил за свој наследник и цар. Марија останала мила и срдечна сопруга, благодарение на спасителката и чудотворката дева Марија.
Љубовта кон Богородица била безгранична кај верниците. Во чудото 12 девојката Марија ја искажува таа љубов на директен начин. Таа го сакала манастирскиот живот и нејзините богати родители ја оставиле дефинитивно во еден женски манастир, каде што чедната Марија можела да им се посвети целосно на Бога и на Богородица.
Меѓутоа, месниот господар се вљубил во неа, посебно во нејзините очи. Игуменијата не сакала да му ја даде, а кога Марија дознала за неговата цврста намера да ја граба и со сила, таа се одлучила на еден мошне храбар чин. Кога дошол слугата на господарот по неа, Марија клекнала пред иконата на Богородица иùсе молела да и прости што нејзините очи предизвикале страст кај господарот. Таа одлучно, машки, си ги ископала двете очи и му ги испратила во кутија на месниот владетел. Таа сакала понатаму да не ја гледа Богородица со физичките очи, кои предизвикале физичка страст, „туку со духовните”.
Кога господарот ги видел двете очи на Марија, се свестил, се покајал, дотрчал во манастирот и со сите калуѓерки се молел во црквата за спас. Дева Марија во еден миг се појавила на олтарот и и ги вратила очите на вистинската девојка христијанка, а присутните верници останале восхитени од чудото што се случило со Марија.
Во средновековната книжевност голема популарност доживеал и расказот за Еладиј (името кај разните народи е различно), т.е. мотивот за продавањето на човековата душа на ѓаволот. Прифаќањето на ѓаволот е мотивирано од различни потреби: љубов, богатство, слава, итн. Во чудото 23 се јавува богатиот Агапиј во Италија, кој живеел блудно и го изгубил целото свое богатство. Во еден миг тој му се потпишал на ѓаволот, со крвта од својата рака, дека ќе биде негов човек, ако му го врати богатството. Ѓаволот го прифатил договорот. Агапиј веднаш се збогатил.
По извесно време пред една црква го видел ликот на дева Марија и кај него се јавила желба да застане и да се помоли пред неа. Но, ѓаволот го потсетил на „ракописанието” и уплашениот Агапиј си заминал, но ја запомнил реченицата од ѓаволот дека Богородица му зела многу души. Кај Агапиј се јавува желба да се исповеда пред Богородица, се затрчал во една црква, каде што ѓаволот не смеел да влезе. Co искреното покајување пред Богородица, Агапиј успеал да си ја врати силната верба во Бога и во неа, а „ракописанието” му било вратено.
Чудо се случило и во градот Аданон, во епархијата Киликија, во годината 537. Економот во манастирот, Теофил, бил благочестив верник и ја држел манастирската економија беспрекорно. Кога умрел владиката, граѓаните побарале Теофил да стане владика, но тој самиот од скромност не сакал. Поставиле нов владика, кој подлегнал пред клеветите на ѓаволските прислужници и го истерал економот од манастирот.
Корица на „Чудеса пресвјатија Богородици“ и „Различна поучителна наставленија“
Теофил сфатил дека е неправедно истеран и ѓаволските слуги му влеале омраза во срцето до таа мера што му се продал на ѓаволот, со потпис од раката своја, барајќи противуслуга да биде вратен на високото место во манастирот. Желбата му се исполнила. Теофил ја задоволил својата суета, но набргу ја сфатил и својата брза одлука и се покајал. Престојувал во црквата Пресвета Богородица, цели 40 дена, молејќи и се на Пресветата за спас. Богородица се нажалила и пред искреното каење таа измолила спасение од Исус, дури и „ракописанието” му било вратено.
Интересно е и чудото под број 44, a ce однесува на зографот Јоан, кој ја насликал најубавата фигура на Богородица на икона и најгнасниот лик на ѓаволот. Разбеснетиот ѓавол смислил одмазда. Кога вредниот и богољубив зограф стоел најгоре од високата скала на црквата, пишувајќи на кубето „Благовештение пресвјатија Богородици”, ѓаволот ја турнал скалата и зографот викнал уплашен „Пресватија Богородице, помози ми!” Во тој миг насликаната Богородица од иконата ја пружила својата рака и го задржала Јоана до ѕидот се додека не пришле луѓето со скалата.
Успението на Богородица претставува важен настан во јужнословенската средина. He случајно свети Климент Охридски го обработува во похвално слово. Истиот настан бил омилен и преку текстовите од средновековната книжевност, а го среќаваме во Тиквешкиот ракопис. Во овој текст апостолот Тома проповедал во Индија и не можел да стигне на успението на Богородица. Меѓутоа, еден светол облак го понесол и тој ја пресретнал Богородица во облаците со небесните сили.
Како знак на средбата Богородица му го дала на Тома својот појас (зоница). Апостолите сакале да го казнат Тома заради отсуството. Кога седнале на софрата, според Тиквешкиот текст, го извршиле и чинот на панагијата. По Христовата смрт апостолите оставале на софрата едно празно место и ставале дел од лебот. Тој дел се нарекувал Господов дел. По завршувањето на јадењето апостолите го подигале тој дел и изговарале: „Господи Исусе Христе, помагај нам”, a no успението на Богородица, кога ја виделе Пресветата во облаците, изговориле: „Пресветаја Богородице, помагај нам!”
Продолжува
Пишуваат:
Д-Р. ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ ИСЛАВЕ КАТИН