Презентација на високото образование во Русија

Заинтересираните што сакаат своето образование да го продолжат во Русија, денеска и утре може да се информираат за програмите на сите степени на образование (додипломски, постдипломски, специјалистички и докторски студии) на водечки руски универзитети и за стипендиите за странски студенти кои ги доделува Руската Федерација.

Саемот со презентации на образовните програми на неколку руски универзитети се одржува во НУБ „Св. Климент Охридски“. Организан е од претставништвото на Россотрудничество во Скопје и Russia.Study – Агенција за соработка во образованието преку која се достапни 500 универзитети со програми за странски студенти вклучително и од Македонија.

Советникот за култура во Руската амбасада Александар Алексеев рече дека покрај образвните програми, на саемот може да се добијат иноформации и за стипендиите кои секоја година ги доделува Русија.

– Владата на Русија во 2004 за македонските граѓани доделуваше пет стипендии и тие се многукратно зголемени зашто во 2018 бројот порасна на 40, рече Алексеев на отворањето на саемот насловен  „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“.

Зборувајќи за системот на високо образование во Русија, Велимир Стојковски, почесен конзул на Русија во Македонија  и претставник на Рускиот центар при УКИМ, истакна дека во таа земја сериозно се инвестира во високото образование и науката и дека не е случајно што  руските универзитети се секогаш меѓу првите 500 на сите светски ранг-листи. Меѓу водечките го посочи „Ломоносов“ во Москва основан во 1755 но, рече, денес во Русија постојат околу 1100 универзитети.

– Условите за упис и условите за студирање се прилично ригорозни и на тоа се должи и високиот квалитет на студирање. Русија е меѓу првите десет земји во светот по инвестиции во образованието, со високи 4,9 проценти од БДП. Водечките руски универзитети добиваат и дополнителни субвенции од државата и во последните шест години првите 40 универзитети имаат добиено 1,8 милијарда евра за развој, рече Стојковски, додавајќи дека УКИМ има традиционално добра соработка со руските универзитети и досега има потпишано 14 билатерални договори.

Артјом Румјанцев, претставник на Россотрудничество во Скопје, рече дека работат во многу сфери, а во областа на образованието тие го прават изборот на кандидатите за студирање во Русија. Сите информации ги има на официјалната страница на нивното претставништво во Македонија.

One thought on “Презентација на високото образование во Русија

  1. Great article! The clarity and depth of your explanation are commendable. For additional insights, visit: LEARN MORE. Looking forward to the community’s thoughts!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *