Почитувани,
Атина испраќа неофицијални сигнали дека нема намера да го почитува Договорот Заев-Ципрас. Влијателниот и секогаш добро информиран Грчки весник „Катимерини“ во својата анализа тврди дека тековната 2018 година ќе помине без да биде потребно Грчката страна да превземе нешто, а според меѓународните партнери на Атина, евентуалните предвремени избори во Грција, би го довеле Договорот Заев – Ципрас во безизлезна ситуација.
Ги повикуваме Заев, Димитров и Шекеринска наместо да го лажат и потценуваат Македонскиот народ, да му објаснат како ќе обезбедат Грчкиот Парламент да го ратификува нивното велепредавство. Панос Каменос пред неколку дена во Солун ја објасни својата Анти-Македонска стратегија. Неговиот прв предлог до коалициониот партнер Алексис Ципрас ќе биде да се одржи референдум на кој Грчкиот народ ќе се изјасни дали прифаќа да се напушти одлуката на лидерите на политичките партии донесена кај тогашниот Грчки Претседател Константинос Караманлис, дека евентуалното решение на спорот не смее да го содржи називот Македонија. Вториот предлог на Каменос е било која одлука или расправа во Грчкиот Парламент во врска со Договорот Заев – Ципрас да се префрли по завршување на четири годишниот мандат на нивната Влада. И третиот предлог на Каменос е барање за предвремени избори. Значи, во сите варијанти велепредавството на немакедонската Влада е бадијала. Следен Грчки Премиер е Кирјакос Мицотакис кој по ниту една цена нема да го прифати Договорот Заев – Ципрас.
РЕФЕРЕНДУМОТ ДА СЕ ИГНОРИРА! ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!
ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ПОВТОРНО ДА НЕ ПОНИЖАТ!
Се повторува историјата! Новата генерација предавници и прават страшен зулум на Македонија. Тогаш Киро Глигоров и Бранко Црвенковски ни го сменија Уставот, се откажаа од „сонцето од Кутлеш“ како Државно знаме, прифатија срамна и понижувачка референца ПЈРМ, која не лажеа дека ќе трае само 2 месеци, потпишаа Времена Спогодба за која и тогаш тврдеа дека е гаранција на иднината на Македонија. И што се случи, ни ЕУ ни НАТО не го видовме! Грција не ја испочитува Времената спогодба, ни стави вето на НАТО Самитот во Букурешт и покрај притисокот на Претседателот на САД, Џорџ Буш. Токму затоа Грција е осудена од Хашкиот Суд, пресуда која исто така не ја почитува. Сега, Заев, Димитров и Шекеринска повторно не лажат дека нивното велепредавство експресно ќе ја внесе земјата во ЕУ и НАТО Алијансата!
БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ, ДА ОСТАНЕМЕ БУДНИ! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА ПРОТИВ НАШАТА ТАТКОВИНА ДА ИМ УСПЕЕ! ДУРИ И ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ДА ГИ НАПОЛНАТ И ТЕНКОВИ НА УЛИЦИТЕ ДА ИЗВАДАТ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА