Адеми на средби со дијаспората во северна Италија

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми од денеска до 17 септември ќе ги посети Трст, Тревизо, Бреша и Пјаченца во Италија каде ќе оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на македонските иселеници.

Адеми во Трст ќе учествува на настанот „Европски дијалог и земјите од ЈИЕ“ и ќе има обраќање на тема „Договорот меѓу Македонија и Грција околу името, ЕУ и НАТО интеграции и меѓунационалните односи во нашата земја“.

Министерот ќе има средби и со локалните власти  од повеќе области со цел унапредување на врските со дијаспората и нејзина инклузивност во економскиот,  политичкиот, социјалниот и културниот живот.

Адеми пред Италија, од 11 до 13 септември беше во работна посета и на Словенија каде имаше официјални средби на највисоко ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *