Помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел на 13 септември ќе допатува во Македонија на средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30 септември, соопшти Стејт департментот.
Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис заедницата со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американска поддршка за приклучувањето на Македонија во Западното семејство, се наведува во соопштението.
Претходно Вес Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународна конференција во Тбилиси и ќе има средби со претставници на властите и на граѓанското општество.