Руската амбасада со реакција на Твитер за посетите на странски лидери на Македонија

Амбасата на Русија преку Твитер реагира на посетите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на канцералите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, на шефот на дипломатијата на Луксембрург Жан Аселборн и на американскиот сенатор Рон Џонсон на Македонија во пресрет на референдумот на 30 септември.

– Деновиве не е реткост странски лидери да им сугерираат на граѓани на Македонија како да гласаат за референдумот. Интересно, што би било вакви „совети“ да дели официјален претставник на Русија“, пишува во твитот на Руската амбасада.