Драги браќа и сестри,
Изминува 27-та година од независноста на нашата Република Македонија. После вековната битка на Македонскиот народ, конечно на 8 септември 1991 година се изборивме за суверена, самостојна и независна Држава. Неспорно е дека уште тогаш се определивме за стратешко сојузништво со САД, нашиот најголем поддржувач, го трасиравме патот кон ЕУ и НАТО Алијансата сакајќи да станеме дел од западната цивилизација и да ги делиме нивните општествени вредности, можности за економски развој и просперитет. Ама, Македонскиот народ одлучи своите стратешки определби да бидат остварени како Република Македонија. Не со променето име, историја и двоен идентитет. Не со нови понижувања и сопствено обезличување. Верувавме и длабоко сме убедени дека Грчките уцени и средновековен национализам не може да се посилни од вредностите на кои почиваат ЕУ и НАТО Алијансата.
Македонскиот народ никогаш не беше прашан и не се согласи за промена на Македонското национално знаме и откажувањето од древниот симбол сонцето од Кутлеш, за срамната референца БЈРМ која наводно требаше да трае само два месеци, а ни остана повеќе од две децении. Не бевме прашани, ниту се согласивме да се сменат имињата на аеродромот, автопатот и неправедно да му дозволиме на нашиот јужен сосед лажно да се претставува како единствен наследник на античката цивилизација. За жал, и денес со Македонија владеат наследниците на истата политичка структура која и претходно ги распродаваше Македонските национални интереси и систематски го разградуваше Македонското национално ткиво. За нив нема ништо свето, ним им е во кодот да си го презираат своето потекло и сопствениот Македонски идентитет. За пуста власт сакаат да ја запустат нашата заедничка мајка Македонија! Затоа, референдумот закажан на 30 септември треба да се игнорира! Треба да има предвремени избори на кои на изродите на Македонскиот народ ќе им биде испорачана политичката одговорност, а после ќе мора да се соочат и со кривична одговорност.
Имаме лекции од нашата мачна историја. Секогаш кога сме биле раскарани или разделени највеќе сме страдале! Не смееме да дозволиме специјалната војна против Македонија да им е успее! Ова е време кое бара патриотски и храбри одлуки. Само така се брани Татковината. Затоа секој мора да има јасен и прецизен став. Или си Македонец кој си го брани најсветото, или си предавник! Или ќе се бориш со демократски средства да спречиш промена на Уставното име, воведување на двојна формула за идентитетот со која сме и „северномакедонци“, ревидирање на Македонската историја и откажување од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија, или го подржуваш капитулансткото дело на актуелната немакедонска Влада.
Ја користам оваа прилика, нашиот Ден на независност, за да уште еднаш апелирам на сплотеност на сите политички, општествени и индивидуални сили во Татковината и Дијаспората. Наша патриотска обврска е да го следиме пулсот на Македонскиот народ кој масовно го отфрли предавството. Не верувајте на лажните анкети. Не потпаѓајте на стравот и паниката која сакаат да ја наметнат. Македонија не може да страда од Косовското прашање, може да страда само ако некој со сила го обезличи Македонскиот народ и му ги избрише историските корени. Ја имаме пресудата на Хашкиот Суд која потврди дека сме во право! Да веруваме, Македонија ќе ја биде со нова Влада која ќе знае како се брани светото Македонско име и идентитет!
Нека ни е честит и вековен 8-ми септември Денот на Македонската независност.
Македонија била, е, и навек ќе остане Македонија.
Бог да ја чува Татковината!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА