Владата на РМ упати извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст

Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на сојузниот канцелар, Себастијан Курц, во Република Македонија, со поставувањето на латвиското место австриското знаме пред зградата на Владата.

– Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија, се вели во соопштението од владината прес-служба.