Заев: Се надевам дека и во православните цркви во регионот ќе се гради пријателство

 Во регионот има градење пријателство од секој аспект. Регионот е свесен, барем политичкиот дел од регионот дека нашата иднина и перспектива е во соработка, пријателство, помагање и заедничка агенда, унапредување на соработката внатре во регионот, а потоа и на целиот регион со остатокот од светот. Се надевам дека и во православните цркви и помесните цркви овде во регионот ќе се гради тоа пријателство заради тоа што се работи за цркви кои им служат на православните верници во целиот овој регион.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали има шанси да се реши македонското црковно прашање откако Вселенска патријаршија одлучила да дава автокефалност самостојно без согласност на другите помесни цркви.

– Не сакам да навлегувам во вакви прашања, јас можам само да охрабрам и да испратам апел да гледаме низ призмата на пријателството, соработката и бенефитите од неа, заради тоа што навистина така и подобро сите ќе им служиме на граѓаните, ние политичарите на политичкиот начин, а секако лицата во светите синоди, на сите помесни цркви, како и свештените лица на своите верници, додаде Заев.