Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со шефот на регионалната канцеларија на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Јелена Стијачиќ.
МВР соопшти дека на средбата станало збор за нерешените случаи на исчезнати лица од 2001 година, за ситуацијата во Република Македонија со странските борци и повратници од конфликтни региони, како и за состојбата со легалната и нелегалната миграција во земјата.
Меѓу другото, биле дадени и предлози за ангажирање на експерт преку Црвениот крст за обучување на полициските службеници за хуман третман на мигранти. Истовремено, од Меѓународниот комитет побарале поддршка од Министерството за внатрешни работи во однос на законот за црвен крст, на кој моментално работи Црвениот крст на Република Македонија.
На средбата била нагласена одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.