Кога станува збор за реформата на следење комуникации мора да се има предвид дека СЈО се уште води постапки во суд и истрага за незаконското уништување опрема во МВР, рече Фросина Ременски, член на собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање во вечерашната дебата на „Топ тема“.
Според Ременски, во овој контекст, не смее да се занемарат и факторот-човек зашто системот го управуваат луѓе, но не помалку значаен е и опеарторот, односно неговата одговорност.
– Паралелно со реформата на следење комуникации мора да има реформа во судската фела која беше анемична изминативе години, истакна Ременски.