Работна средба меѓу претседателите на коморите на Косово и Македонија

Работна средба меѓу стопанските комори и претставници на бизнис заедниците од Македонија и Косово во насока на поттикнување и зголемување на билатералната соработка меѓу двете земји денеска организираат претседателите на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Косово, Бранко Азески и Берат Рукичи.

На работната средба, што ќе се одржи во близина на косовското село Доганај на излезот на веќе завршениот дел од автопатот, предвидено е да се дискутира за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји во делот на инфраструктурата, можноста за развивање заеднички проекти, поттикнување на инвестициите меѓу двете земји и идните активности во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).