Почитувани,
Слушнавме како Премиерот Зоран Заев повтори дека ќе си замине од функцијата ако не успее референдумот. Според него Македонија ќе немала перспектива ако не помине неговото велепредавство. Нека му е со среќа! Македонската Алијанса им порачува на Заев, Димитров и Шекеринска да не чекаат туку ВЕДНАШ да си заминат. Нивниот кукавичлак е одамна веќе одбиен. Уште од сега е јасно дека Македонците гласно велат НЕ за промена на Уставното име, велат НЕ за двојната формула за идентитетот според која ние сме и „северномакедонци“, велат НЕ за ревидирањето на Македонската историја и велат НЕ за откажувањето од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија!
Немакедонската Влада нека не се обидува својата паника да ја пренесува на гласачите. Престанете со манипулациите и лагите! Татковината ќе ја биде и ќе има иднина и ако не биде спроведен Договорот Заев – Ципрас.
НЕ ПРИЗНАВАМЕ ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЗНАЕ КАКО ДА СЕ ПОСТАВИ ПРЕД ЕУ И ДА ГО ЗАШТИТИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ!
Македонскиот народ никогаш нема да се согласи да стане безимен и без историски корени! И да бидат сигурни, дури и да ги наполнат гласачките кутии на 30 септември нема да можат да го спроведат на дело своето предавство.
Бараме една изборна единица, отворени листи, техничката Влада која ќе ја предводи искрен и чесен патриот од Дијаспората и да се организираат час поскоро предвремени парламентарни избори. Изродите на Македонскиот народ ќе мора да се соочат со сопствената политичка и кривична одговорност.
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА