Писмена реакција за злоупотребата на Косовското прашање

Почитувани,

Тоа што го предупредивме се остварува. Немакедонската Влада се обидува со ширење страв кај Македонскиот народ да предизвика поголема излезност за да може да го фалсификува референдум. Заев, Димитров и Шекеринска директно ги злоупотребуваат преговорите меѓу Србија и Косово и наводната опасност од прекројување на границите за да ги наведат граѓаните со тезата промена на името ни е единствениот спас. Во спротивно, според нив Македонија ќе била жртва на решението за Косово.

Македонската нација не смее да дозволи овие подмолни обиди да бидат успешни. Немакедонската Влада е во паника и затоа ги злоупотребува меѓуетничките односи. Македонија го призна Косово и го имплементираше Охридскиот Рамковен Договор после воениот конфликт. Вечните ДУИ издејствуваа срамна амнестија на Хашките случаи, блокираат законски попис и ја уценија поддршката на Владата на Заев со Закон за двојазичност. Ај нека одговорат „паничариве“ Заев, Димитров и Шекеринска зошто перфидно од Албанците прават нереално „страшило“ кое наводно ќе сака да ја распадне Македонија ако не им успее референдумот, кога тие ги уживаат сите демократски и граѓански права на рамноправно ниво со сите други етнички заедници? Нашите сограѓани Албанци се свесни дека Македонија е и нивна Татковина. Нема да дозволат да бидат злоупотребени за да се плаши Македонскиот народ за да прифати да се самоукине и ги избрише историските корени.

Меѓународната заедница потврди дека евентуалниот Договор меѓу Србија и Косово ќе содржи гаранции дека тоа нема да има никакви имликации кон трети земји. Тоа е вистината!

РЕФЕРЕНДУМОТ ДА СЕ ИГНОРИРА! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ФАЛСИФИКАТ! ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ ТАТКОВИНАТА! ДА СЕ СПЛОТИМЕ! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА НИ ЈА ЗЕМАТ МАКЕДОНИЈА!    

Предавниците се излажаа! Нивната проценка е погрешна. Со вакви подмолни обиди само го будат инаетот кај Македонскиот народ кој нема да го смени името на својата Татковина! Како народ сме поминале низ многу тешки историски премрежја, сме опстанале, сме станале посилни и пожилави. Така ќе биде и овој пат!

МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е, И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА