Писмена реакција за излагањето на Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар

Г-дине Жбогар СРАМ и АРАМ да ви е!

Среде Македонија немате храброст да изустите Македонски јазик. Демек суптилно агитирате за успешен референдум а користите безбедни формулации “јазикот на Блаже Конески и Матеја Матевски“. И тоа го правите во присуство на Претседателот на Владата на Република Македонија. Да си поднесете ОСТАВКА веднаш! Заради тоа што сте Словенец треба без предрасуди да го признавате Македонскиот јазик и да ги надминете двојните аршини на вашата Европска Унија.

Што правеше Зоран Заев освен што беше нем сведок на перфидното излагање на највисокиот претставник на ЕУ во Македонија? Каде е Никола Димитров и Македонското МНР да реагираат? Нели не убедуваа дека со нивниот кукавичлак е обезбеден Македонскиот идентитет и јазик?  

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ ЕВЕ НА ДЕЛО ДА СЕ УВЕРИТЕ ДЕКА ПРЕДАВНИЧКИОТ ДОГОВОР НЕ ГАРАНТИРА НИШТО!

ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ЛАЖАТ!

РЕФЕРЕНДУМОТ ДА СЕ ИГНОРИРА БИДЕЈЌИ Е ЛАЖЕН!

БАРАМЕ ИЗБОРИ И НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЗНАЕ КАКО СЕ БРАНАТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

ДО ТОГАШ ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКААЛИЈАНСА