Писмена реакција за гафот на Армиските сили на САД за Европа

Почитувани,

Жалиме што се остваруваат нашите предупредувања. Македонската Алијанса трди дека е дрска лага дека со Договорот Заев – Ципрас се обезбедува Македонскиот идентитет. Напротив, предавничкиот договор предвидува двојна формула за Македонскиот идентитет. Тоа значи дека за Грција и за другите ние ќе бидеме „северномакедонци“. Потврда за тоа е гафот на Армиските сили на САД кои на видето од вежбата на Криволак веќе не нарекоа „северномакедонци“. Нивното извинување е резултат само на фактот што САД не признаа под Уставното име, но тоа не значи дека така ќе постапуваат и другите. Значи, уште пред референдумот и евентуалните Уставни измени нас веќе не нарекуваат „северномакедонци“. Тоа е последица од велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска.

Немакедонската и изродничка Влада многу се лаже дека со агресивна кампања која планира многу скапо да ја плати од буџетот ќе го убеди Македонскиот народ  да се согласи да стане безимен и без историски корени!

Македонскиот народ не е наивен, гледа и слуша што му прават. Заев, Димитров и Шекеринска немаат гаранции ниту дека нивната капитулација ќе и донесе сигурно членство на Татковината во ЕУ и НАТО, како што упорно лажат. Протоколот на НАТО Алијансата укажува дека спроведувањето на Договорот Заев – Ципрас не е единствениот услов. Има за исполнување дузина политички критериуми, како владеење на правото, борба против корупцијата и реформа на судството, што оваа немакедонска Влада нема капацитет да го исполни. Јасно е дека Заев, Димитров и Шекеринска, дури и да ги наполнат гласачките кутии на 30 септември нема да можат да го спроведат кукавичкиот договор.

НЕ ПРИЗНАВАМЕ ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ПОЛИТИЧКА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА