ВМРО-ДПМНЕ: Власта секојдневно ги злоупотребува државните институции

Власта на СДСМ без срам секојдневно ги злоупотребува државните институции.

Дражава за 14 месеци ја урнисаа на политички и економски план.

Граѓаните на Република Македонија се сведоци како Заев и СДСМ вршат невиден грабеж и злоупотреба на државни ресурси кои ги прикриваат со конструирани случаи.

Вака во ЕУ и НАТО не се оди.

Заев ги распродаде националните и државните интереси со цел да ја дефокусира јавноста и да може тој заедно со неговите сопартијци непречено да се богатат на грбот на граѓаните.

Промената на името, јазикот, идентитетот нема да го отворат патот кон ЕУ и НАТО. На нашиот пат кон ЕУ и НАТО се наоѓа само една голема пречка, а тоа е Зоран Заев заедно со неговото раководство.

Зоран Заев и СДСМ ниту се лицето на Европа во Македонија, ниту ги преставуваат европските вредности.

Не може СДСМ да го победи растечкото незадоволство. Народот секогаш на крајот победува. Македонија ќе победи.