Села: Референдум за името не е потребен

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села смета дека референдумот за Договорот од Преспа со кој се предвидува промена на името е непотребен.

Тој во интервју за Алсат М, осврнувајќи се на најавените уставни измени рече дека тие треба да бидат искористени за Албанците во највисокиот правен акт на државата да станат рамноправни со Македонците.