„КАМЕНОТ ОД РОБИ“ – ПОТСЕТНИК НА МАКЕДОНСКАТА ТРАГЕДИЈА
По повод 70 годишнината на егзодусот на Македонците и во пресрет на петтата средба на децата бегалци (избркани) од поробениот дел на Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во соработка со Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, деновиве од печат излезе монодрамата „Каменот од Роби“ од Душан Ристевски.
Оваа монодрама премиерно беше прикажана во Сиднеј во февруари 2018 год. во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски.
Во книгата „Каменот од Роби“ се поместени три верзии на монодрамата, на македонски литературен јазик, на лерински дијалект и на англиски јазик. Предговорот (историскиот преглед) е на Ристо Стефов а рецензијата на Трајче

Кацаров.
„Каменот од Роби“ е посветена на децата избркани од поробениот Егејски дел на Македонија, но за да биде и како потсетник на трагедијата на Македонија која со таканаречениот Преспански договор, се сака да се избриши од македонската историја и да се „заборават“ Македонците во поробениот дел на Македонија.
Се планира книгата да се промовира во Септември во Македонија и во Октомври во Австралија.
Честитки до авторот и издавачот кои допринесуваат да не се заборави македонскиот егзодус.