Претседателката на Владата на Романија Виорика Данчила денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Во рамки на посетата, Данчила ќе има средба со премиерот Зоран Заев и владина делегација во Владата на Република Македонија.
Пред платото на Владата во 12 часот ќе биде организиран официјален, свечен пречек на романската владина делегација предводена од премиерката Данчила.
Заев и Данчила ќе остварат официјална тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете влади.
Романската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.