МАКЕДОНИЈА НОСИТЕЛ ВО ЕЛИТНАТА ФАЗА

По извонредните игри и трите победи во групата за пласман во елитната фаза во квалификациите за ЕП следната година, македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе биде сместена во шеширот во кој се наоѓаат носителите на групи, заедно со Шпанија, Португалија, Германија, Чешка, Романија и Данска.

Тоа не значи дека на избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ ќе им биде многу полесно. Точно, избегнуваме една од селекциите кои се во нашиот шешир, но затоа во останатите три се репрезентации кои не се ништо послаби од носителите, па дури може да се рече дека се и подобри.

На Македонија противник од втората група ќе и биде една од селекциите на: Англија, Италија, Украина, Австрија, Франција, Р. Ирска и Холандија.

Во третиот шешир се наоѓаат: Словачка, Норвешка, Грција, Белгија, Шведска, Унгарија и Турција, а во четвртиот репрезентациите на: Србија, Косово, Полска, Бугарија, БиХ, Летонија и Шкотска.

Жрепката на групите за елитната фаза ќе се одржи на 6. декември.