Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба еден час по почетокот. И покрај тоа средбата на лидерите на парламентарните партии кои имаат повеќе од едне пратеник што се одржува во Клубот на пратениците продолжи.
Во изјавата за медиумите Мицкоски рече дека за нив не бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни и, како што кажа, изразил сериозен револт поради вчерашниот предлог за измени на Изборниот законик по скратена постапка за составот на ДИК.
– Исто така како ВМРО-ДПМНЕ изразивме сериозен револт и несогласување и негодување на девијантното однесување од страна на владините претставници и владејачкото мнозинство во текот на вечрашниот ден кога на еден начин неделовнички којшто досега не беше пракса во политичкиот живот во Република Македонија се утврди потребата од промена на Изборниот законик без поддршка на најголемата опозициска партија, а се со цел да се намали потребниот број пратеници кога се усвојува составот на ДИК од 80 на 61, рече Мицкоски.
Мицкоски исто така рече дека го повикал премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во најскоро време, а најдоцна до понеделник, да организира лидерска средба во форма како што претходно се одржувала, со присуство на лидерите на четирите најголеми партии на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициска партија на Албанците.
– Да седнеме да разговараме отворено од самиот почеток за сите оние отворени прашања што му претходат на новиот состав на ДИК, па дури потоа да дискутираме за формирањето на новиот состав на ДИК, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изразувајќи надеж дека ќе преовладува разумот и како што рече, мудроста и оти во најскоро време претседателот на Владата ќе организира ваква средба.
ВМРО-ДПМНЕ, рече то,ј како принципиелна партија останува на истите оние ставови коишто ги имаше во март месец, а ги има и сега во јули дека целиот овој процес треба да се гледа како заокружена целина, на којшто, како што рече, му претходеше првата етапа, а тоа беа сите оние реформски закони коишто ВМРО-ДПМНЕ вракајќи се во Парламентот ги поддржа со двотретинско мнозинство. Следен чекор беше, продолжи Мицкоски, усвојување на Законот за финансирање на политички партии и измените на Законот за Влада каде што ќе се регулира концептот на техничката влада по пржинскиот модел.
– Ние едноставно бараме да добиеме фер избори. Тоа е суштината што ВМРО-ДПМНЕ ја бара. Дури потоа како што тогаш беше договорено помеѓу Владата и опозицијата на тие мартовско априлски разговори доаѓа на дневен ред формирањето на ДИК, рече лидерот на опозициската партија.
Повтори дека тоа што вчера Владата го направила со Изборниот законик покажала уште еднаш дека не само што нема демократски капацитет, туку дека е многу далеку од европските вредности. Мицкоски смета дека со ваквото однесување Владата само го уназадува европеизирање на Македонија.