Почитувани,
Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да не го губат бадијала времето за договарање референдум. Македонскиот народ го одби велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска. Референдумот имаше логика само ако беше организиран пред кукавичкиот чин на немакедонската Влада со прашање – „дали сте за продолжување на преговорите со Грција?“
Сега е време за следното:
Прво, оставка на немакедонската Влада! Второ, измени на изборните правила, воведување на една изборна единица со отворени листи. Трето, формирање на техничка Влада за спроведување на избори кој ќе ја раководи Македонец од Дијаспората, искрен, чесен патриот, лице со интегритет и висок углед кој претходно не учествувал во срамните политички пазари за Татковината. Конечно, распуштање на овој состав на Македонското Собрание и организирање на фер и демократски предвремени парламентарни избори.
Ваков епилог од лидерската средба очекува Македонскиот народ!
Изродите на Македонскиот народ ќе се обидат да организираат лажен референдум каде со сила ќе ја фалсификуваат вољата на гласачите. Македонските граѓани не сакааат да станат безимени и народ без историски корени. Не прифаќаат да станат „северномакедонци“, да им го свртат грбот и да се откажат од своите браќа и сестри во регионот.
ОСТАВКА ОД НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ!
ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ДО ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!
Македонскиот народ бара избори на кои на предавниците ќе им ја испорача политичката одговорност а потоа истите ќе мора да се соочат со сопственатав кривична одговорност за тоа што сакаат да и го направат на Татковината.
МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е, И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА