Писмена реакција за ставот на П.Каменос

Почитувани,

 

Македонската Алијанса му дава целосна поддршка на Претседателот Ѓорѓе Иванов да опстои до крај во одбраната на Уставот, Уставното име Република Македонија и Македонскиот национален идентитет. Така мора да се однесува секој Претседател на Републиката кој положил заклетва дека ќе ги штити највисоките национални интереси. Тој има должност да ја заштити Татковината и народот од немакедонската Влада која со својот кукавичлук не стави во состојба на потчинетост од друга Држава.

 

Заев, Димитров, Шекеринска и Џафери кои на Иванов му се закануваат со политичка и кривична одговорност за наводно кочење на ЕУ и НАТО перспективите на Татковината, им порачуваме внимателно да го следат развојот на политичките околности кај нашиот јужен сосед. Панос Каменос од кого зависи опстанокот на актуелната Грчка влада порача ако Договорот Заев-Ципрас не биде ратификуван во постапка која обврзува на мнозинство од 180 Грчки пратеници, тогаш Грчкиот народ мора да одлучи преку избори или референдум. И тој и идниот Грчки Премиер Кирјакос Мицотакис упорно повторуваат дека договорот е лош, дека не го прифаќаат и дека ќе сторат се’ да го блокирааат. Ниту прифаќаат терминот Македонија да биде дел од решението ниту го признаваат Македонскиот идентитет. Кога во овој контекст се става и условената и одложена за јуни 2019 препорака за почеток на преговорите со ЕУ, а во меѓувреме следат нови избори за Европскиот Парламент каде не се знае кој ќе го има мнозинството и кој ќе бидат новите Еврокомесари, тогаш како може немакедонската Влада уште да го лаже Македонскиот народ  дека евроатланските интеграции се завршена работа благодарение на нивното велепредавство!

 

НЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

 

Есапот на Заев, Димитров и Шекеринска не им излегува на пазар! Арно ама, пустите уценети се и немаат избор, мораат да тераат до крај. За нив не постои ниту Устав, ниту Закон, само борба за гола власт и опстанок! Принудени се да се обидат да го истуркаат нивното велепредавство со  фалсификување на вољата на Македонскиот народ. Ама, НЕ ИМ ПОМИНУВА! Македонскиот народ го одби нивниот кукавички чин. Сега не сака квази референдум, туку нивна оставка и предвремени парламентарни избори на кои ќе ги казни изродите. Парламентарните партии нека не си го губат времето за референдумот. Нека предложат измени на Изборното законодавство, воведување на една изборна единица со отворени листи, формирање на техничка Влада која ќе ги спроведува изборите и на чие чело ќе застане Македонец од Дијаспората кој не бил претходно дел од штетните политички пазари за Татковината. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ ќе им го покаже местото на предавниците!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                           МАКЕДОНСА АЛИЈАНСА