Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија

Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во Македонија во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години.

Информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ беше усвоена на вчерашната владина седница.

„Теламон“ произведува машини за спојување, автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање.

Компанијата е една од најголемите во САД и има свои претставништва во Индијана, Илиноис, Калифорнија, Арканзас, Охајо, Њу Џерси, Канзас и Мисури, два меѓународни капацитети во Кина и еден во Мексико. Фабриката во Република Македонија ќе биде четврти меѓународен капацитет и седиште на Теламон