Министерот за дијаспора Адеми во посета на Хамбург

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми на покана на  Фондацијата Фридрих Еберт од денеска ќе престојува во дводневна посета на Хамбург, СР Германија.

Министерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет, ќе има средба со пратеникот во Европскиот парламент Кнут Фленкенштајн, а ќе посети и повеќе фирми во Хамбург, со цел да се запознае со технолошките иновации во управувањето со градот и можностите за соработка во областа на економијата и инвестициите.

Во состав на македонската делегација покрај Адеми се и министерот за финансии Драган Тевдовски, градоначалниците на Гази Баба и на Кочани, како и претставници од градот Скопје.

Македонската делегација ќе оствари средба со претствници од дијаспората по потекло од Република Македонија во градот Хамбург.