Демократски сојуз: Историска шанса за Македонија

Демократскиот сојуз оценува дека постигнатиот договор помеѓу владите на Република Македонија и Република Грција е храбар, одговорен и државнички чин, со кој се нормализираат односите помеѓу двете држави и се отвораат перспективи за развој на Македонија и балканските држави.

Наш врвен, национален и стратешки интерес е деблокада на евроатланските процеси и полноправно членство во НАТО и Европската унија.

Со овој договор се зацврстува македонскиот идентитет и еден од клучните елементи на нацијата – македонскиот јазик.

ДС ја подржува јавната дебата низ која граѓаните, експертите, невладиниот сектор, политичките партии и медиумите, ќе ги соочат аргументите и на крај, на референдум, граѓаните ќе донесат одлука која сите ќе ја почитуваме.

Обидот за блокада на процесот на ратификација на договорот и манипулација со чувствата на граѓаните, е поткопување на стабилноста на државата и поделба помеѓу македонците, со несогледливи последици по мирот и севкупниот развој на Република Македонија како демократска и унитарна држава.