Писмена реакција за преговорите за името

Почитувани,

 

Во врска со телефонските разговори меѓу Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, најавите дека е договорот ќе биде потпишан во Егејска Македонија со прифаќање промена на Уставното име со Република Северна Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Со кој ум Заев, Димитров и Шекеринска ќе ставаат потпис и ќе се обврзуваат да спроведат велепредавство? На кои избори добија мандат да прифаќаат промена на Уставното име? Како не им е срам да го потценуваат Македонскиот народ? Зарем се до толку наивни да мислат дека промената на Уставното име ќе го претстават како победа?

 

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ АЈДЕ СИТЕ НА НОЗЕ! САКАМЕ ВО ЕУ И НАТО НО НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА!

 

Татковината е киднапирана од неколкумина властодржци кои се толку уценети да мораат да играат по Грчки ноти и да ги прифатат сите нивни уцени! Немаат избор! Испорачана им е фактурата за нивната алчност по секоја цена да дојдат на власт. Сега ќе не плашат дека ако не потпишат договор на Македонија ќе пропаднела. Се лажат и тоа многу! Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја, ќе ја издржи и оваа кукавичка и предавничка власт! Ниту еден потпис на некаков договор нема да има правна важност за Татковината. А за правните последици и личната кривична одговорност на Заев, Димитров и Шекеринска ќе има Специјално Обвинителство! Си преземаа страшен товар и за тоа ќе мора да се соочат со сопствената одговорност!

 

БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ СЕГА И ВЕДНАШ!

 

Татковината не е приватна сопственост на Заев, Димитров и Шекеринска. Тие може да одлучат да си ги продадат сопствените имиња и имињата на нивните деца. Единствен суверен владетел на светото Македонско име и идентитет е Македонскиот народ и никој друг! Македонскиот народ никогаш нема да се согласи на обезличување!

 

Македонската Алијанса бара Собранието на итна седница да избере нов состав на Државна Изборна Комисија и да распише референдум со прашање: ДАЛИ СТЕ ЗА ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА? Ова е клучна одлука која Македонскиот народ мора да ја донесе!

 

 

 

                                                                                   МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                            Претседател,

                                                                                    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски