Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел им честиташе на Атина и на Скопје на изнаоѓањето решение за долгогодишниот спор за името на Македонија.
Кнајсел во таа прилика веќе го употреби идното име на Македонија.
– Честитки за Грција и за Северна Македонија за решавањето на долгогодишниот спор за името. Тоа е успех на дијалогот и дипломатијата. Тоа е важен ден за целиот регион, напиша таа на Твитер.
Нејзиниот твит подоцна го сподели и австрискиот канцелар Себастијан Курц.