ВМРО-ДПМНЕ да се исправи да ја поддржи македонската иднина и да каже ДА за решението коешто го зајакнува и обезбедува македонскиот идентитет еднаш – засекогаш!
Македонија нема уште генерации за губење. Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децениија влечеше земјава надолу.
ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.
Како најголема опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже зрелост и одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!
ДА, за иднината на сите граѓани, ДА, за македонската иднина!