ВМРО-НП стана членка на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа

ВМРО Народна Партија ги известува своите членови, симпатизери и целата јавност дека во изминатиот период се водеа интензивни преговори за  вклучување на партијата во една од најголемите светски политички
коалиции.

Чест и задоволство ни е да Ви соопштиме дека на 9-ти јуни, на самитот во Баку, Азербеџан, ВМРО – Народна Партија стана членка на Алијансата на Конзервативци и Реформисти во Европа (Alliance of Conservatives and Reformists in Europe – ACRE).

Алијансата на Конзервативци и Реформисти во Европа е преку својата
Европска Група на Конзервативци е 3-та најголема политичка групација во Европскиот Парламент.

Во оваа политичка коалиција членуваат политички партии од скоро сите континенти помеѓу кои повеќе од 20 европски партии, но и партии од целиот Свет како Републиканската Партија на Америка, Конзервативната Партија на Канада, Конзервативната Партија на Велика Британија и многу други.

Со членството во Алијансата на Конзервативци и Реформисти на Европа како глобален член, ВМРО – Нардона Партија, ја докажува својата заложба и придонес за интеграцијата на Македонија во Европската Унија и НАТО.