Заев: Блиску сме до можно решение на спорот со името

Блиску сме до можно решение на овој процес, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање за разговорите за името на седницата за пратенички прашања.

– Според мене, блиску сме до можно решение на овој процес и верувам дека треба да бидеме внимателни до самиот крај. Јас се трудам да информирам комплетно се до таму до каде не би го загрозил процесот.
Верувам дека тоа го прави и грчката страна. Вчера дадов дел информациите.  Се трдиме навиистина да привршиме во соодветен момент за тоа да влијае на Советот на ЕУ, на 28 и на 29 јуни, а секако и на автоматската покана за НАТО, рече премиерот.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот зошто беше одбиен предлогот Република Илинденска Македонија, дали е точно дека Владата во разговорите прифатила ерга омнес за кој било предлог во иднина и дали има гаранција дека доколку прифатиме промена на името дека ќе добиеме датум за преговори.

– За да го соопштиме дома решението Република Илинденска Македонија прво јас и премиерот Ципрас заклучивме дека ова е вредно да го провериме дома. Значи до толку сме биле усогласени да можеме да влеземе дома и тоа да го провериме. За жал не помина во Грција, но за жал беше одбиена и овде од опозицијата, рече Заев пред пратениците.

На разговорите на лидерската средба, за премиерот како што рече, имало надеж, но нормално е опозицијата, претседателот на државата да бараат да го видат договорот правно – формално како е тоа запишано, да ги видат чекорите по кои ќе се спроведува самиот договор, да знаат како ОН одлучува, што со резолуциите 817 и другата, како се укинуваат при вакво решение или што се случува

– Тоа е легитимно за да може да се изјаснат. И притоа кажаа дек важен е и референдумот. И важен е. И за нас е важен референдумот. Добро е што заедно сме застанати зад ова прашање. Дека на крајот на денот граѓаните ќе одлучат. Но, беше кажано заради тоа што опозицијата јавно го одби овој предлог и не можевме повеќе во Грција  да разговараме за тој предлог, истакна премиерот.

Повтори дека оваа тема ги гарантира нашите интеграции во НАТО и ЕУ, и оти ја гарантира иднината на РМ.

– Јас сум убеден дека големите политички партии и нивните репрезенти мора да бидат целосно сериозно посветени кон ова прашање, со ставови што секако ќе ги изградат. На крајот на денот граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум. Но, во најмала рака треба да бидеме внимателни по овие прашања, рече премиерот.

Шансите се огромни Македонија да добие датум за преговори доколку прашањето за името е затворено, посочи премиерот.

– Апсолутно е повеќе од јасно дека поголеми се шансите на Македонија односно се огромни до целосно добивање на датум за преговори ако е решен проблемот со името, отколку самите шанси што ги имаме без решен проблем на името, истакна Заев.

Македонија има безусловна препорака и заслужува да добие датум за преговори, не само заради оваа година. Од 2005 година, како што посочи премиерот, работено е многу и голем дел од нашето законодавство е веќе адаптирано.

– Ако добиеме датум за преговори имаме шанса да излеземе напред и пред Србија и пред Црна Гора, заради тоа што во минатото е се сработено. Но, знаете дека во одлучувањето има и политики, рече премиерот додавајќи оти верува дека треба да направиме напори да најдеме решение за проблемот со името за да можеме имаме зголемени шанси за добивање и датум за преговори.

Кузмановска исто така го праша премиерот и за оценката на реформите во неформалниот документ што се појави во јавноста неодамна. Заев кажа дека во Владата документот бил познат три недели пред Самитот за Западен Балкан во Софија и оти веќе е познато дека Франција и Холандија се „поприлично резервирани за проширување на ЕУ и тоа го аргументираат дека Европа мора да се реформира внатре за да биде навистина достојно атрактивно место за земјите кои што се аспиранти за полноправно членство“ меѓу кои е и РМ.

– И покрај ваквата дебата Макеоднија не смее да биде песимист или негативно да и делува во процесите што ќе ја охрабруваат ЕУ кон нашиот интегративен процес. Ние разбираме дека дебата за подобра Европа е квалитетна и треба да постои и ја поддржуваме, се нудиме да помогнеме. Но ние не бараме да бидеме утре членка на ЕУ, ние бараме да добиеме датум за преговори, рече Заев.

Европа ќе троши пари, време и енергија да го смирува Балканот доколку граѓаните се демотивирани во однос на влезот во ЕУ.

– И од тој аспект не е добро Балканот повторно да се врати на минатото кога постојано беше под закана на етнички поделби, на притисоци, војни, конфликти или слично. Подобро да остане мотивацијата и верувам дека во тој сегмент поприлично сме разбрани, рече македонскиот премиер.

Посочи дека една од можностите е земјите како Франција и Холандија да ги оставиме без аргументи на Самитот на ЕУ со решението за името.

– Можеби нема да ги одврати, но верувам дека може да ги охрабри, рече Заев.