Утре амандманска расправа за законот за јазиците

Седницата на Комисијата за европски прашања на која на дневен ред е амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците ќе се одржи утре, потврди за МИА претседателот на Комисијата Артан Груби.

Утре е третиот и последен ден за разгледување на 90 амандмани поднесени од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Беса за Предлог-законот за јазиците.

Комисијата вчера го усвои дневниот ред по што беше одложена поради неприсуство на претставници на Министерството за правда, како претставници на Владата. Со усвојувањето на дневниот ред започнаа да течат и тридневните рокови за амандамнската расправа. Груби тврдеше дека роковите иако течат, се почитуваат и оти не станува збор за злоупотреба на Деловникот.

Негови очекувања се дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе дојдат на утрешното продолжение, дека ќе ги бранат своите амандаман и оти тие ќе гласаат за законот.

Груби смета дека законот ќе биде донесен до новогодишните празници.